Реакции по смртта на младиот боксер: Ова е потсетник за сите кои влегуваат во ринг

Американскиот боксер Патрик Деј почина по четири дена во кона откако беше нокаутиран од Чарлс Конвел во борбата во Чикаго.

27-годишниот Деј по нокаутот падна со глава на подот по што итно беше пренесен во болница, веднаш опериран но, за жал, на крајот не издржа. Трагичната вест го шокираше боксерскиот свет, па веднаш пристигнаа реакции од сите страни…

„Жално и трагично е тоа што се случи. Првпат го запознав една недела пред борбата и веднаш видов дека се работи за шармантно младо момче кое имаше свој сон. Нашите молитви се со неговото семејство“ – истакна промоторот Еди Херн.

Британскиот боксерски шампион, Ешли Теофан се огласи преку Твитер истакнувајќи дека оваа смрт треба да биде добра опомена за сите кои се инволвирани во овој спорт.

„Смртта на Патрик треба да биде потсетник на тоа колкав ризик боксерите преземаат кога влегуваат во рингот поради забава. Сите треба да знаат дека тоа не е забава, но мора максимално сериозно да се пристапува кон овој спорт. Почивај во мир млад шампионе“ – напиша емотивниот Теофан.

Се вчитува...