Реакцијата на Симеоне за влегувањето на Гризман во 90. минута се уште е топ-тема во Шпанија (ВИДЕО)

По пет години во Атлетико Мадрид, Франузинот Антоан Гризман минатото лето се одлучи да се пресели во редовите на Барселона каде не се снајде најдобро.

Кај Кике Сетиен е во втор план, а токму пред два дена на дуелот против поранешниот клуб доби шанса за игра дури во 90. минута од натпреварот. Сето тоа на интересен начин го проследи и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Неговата реакција во моментот кога Гризман влегува во игра доволно зборува што мисли за еден таков потег.

По мечот Аргентинецот, сепак, не сакаше да ја коментира одлуката на Сетие но јасно е дека е зачуден од понижувањето кое, според многумина, го доживеа Гризман.

 

Се вчитува...