Новата сезона во Лигата на шампионите започна со вистински спектакл, на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид со 2:1 го совлада Интер. Манчестер сити пак ја оправда фаворитската улога во Португалија, а ефикасно беше во Лил и Дортмунд.
Дербито имаше интересен сплет на настаните, Неразурите ја имаа контролата врз топката, но неверојатните киксеви на Џонс и голманот Мартинез ги чинеа пораз.
Во 14-та минута, Килијан Мбапе во 14-та минута ја искористи големата грешка на Куртис Џонс кој пред својот шеснаесетник ја загуби топката, за да го отвори резултатот. Голот на Мбапе може да го видите на следниот ЛИНК.
Само девет минути подоцна, нова голема грешка на Неразурите, овој пат на голманот Мартинез кој во петерецот сакаше со финта да се ослободи од Валверде, но се сплетка и тоа го искористи играчот на Реал да зголеми на 2:0. Вториот гол на Реал Мадрид може да го видите ТУКА.
Интер во второто полувреме успеа да постигне гол, во 77-та минута Карлос Аугусто намали на 2:1, а до крајот немаше промена на резултатот. Голот на Интер може да го видите ТУКА.
Манчестер сити со победа ја започна новата сезона во ЛШ. Граѓаните славеа со 0:2 на гостувањето кај Порто, а човек на одлука беше Ерлинг Халанд кој ги постигна двата гола.
Првиот гол на Халанд во 47-та минута може да го видите на следниот ЛИНК. Вториот гол Халанд го даде во судиското продолжение.
Ефикасен натпревар се одигра во Лил каде Бетис со 2:3 славеше над францускиот тим и тоа со пресврт откако во првото полувреме губеше со 2:1.
Борусија Дортмунд пред своите гледачи со 3:2 го победи Виљареал, а интересно е што сите пет гола беа постигнати во второто полувреме. Резултатот беше отворен во 53-та минута со автоголот на Веига, но Виљареал 13 минути подоцна дојде до израмнување. Победата на Милионерите ја донесе Гураси со головите во 80-та и 85-та минута. Во судиското продолжение,шпанскиот тим само го ублажи поразот и преку автоголот на Гураси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
