Реал го прати Кубо на нова позајмица

Таке Кубо имаше зад себе одлична сезона во дресот на Мајорка, но и тоа беше недоволно за младиот Јапонец да го убеди Зинедин Зидан да му даде шанса во првиот тим на Реал Мадрид. Раководството на „кралевите“ е импресионирано од добрите игри на овој млад ас, но став на сите во Реал е дека тој мора уште да напредува пред да заигра за најтрофејниот европски клуб.

Токму затоа, Флорентино Перез веќе договори нова едногодина позајмица за Кубо, кој наредната сезона ќе ја мине во дресот на Вилјареал. За услугите на брзоногиот офанзивец се интерсираа и Селта и Осасуна, но „жолтата подморница“ беше најконкретна во преговорите, договарајќи ги условите за едногодишна соработка со „кралевите“. Воедно, челниците на Реал проценија дека најдобро за Кубо ќе биде ако една година настапува за Унаи Емери, стратег кој има огромно реноме во шпанскиот фудбал.

Во договорот за позајмица нема клаузула со која Вилјареал би можел следното лето целосно да го откупи договорот на Јапонецот, како јасен знак дека „кралевите“ долгорочно сметаат на Кубо.

Се вчитува...