Реал го продаде Хамес Родригез: Се сели во редовите на лутиот ривал на „кралевите“

Реал Мадрид веќе го договорил трансферот на Хамес Родригез кој кариерата ја продолжува во лутиот ривал на „кралевите“, Атлетико Мадрид.

Како што тврдат шпанските медиуми трансферот ќе биде за околу 15 милиони евра, но со неговата продажба Реал ослободува средства од неговата плата која повлекува и до 20 милиони евра годишно. Хамес така по шест години ќе го напушти Реал Мадрид. Колумбиецот не се докажа најдобро во дресот на еден од најдобрите светски клубови.

Хамес Родригез во дресот на Реал Мадрид одигра вкупно 125 натпревари постигнувајќи 37 гола. Изминативе две сезони ги мина на позајмица во Баерн Минхен. Претходно во неговата кариера настапуваше и за Монако, Порто и Банфилд.

Се вчитува...