Реал го сака Хари Кејн, но бара попуст од Тотенхем

Хари Кејн е фудбалерот што Реал Мадрид сака да го доведе летово како нов предводник на нападот, откако Карим Бензема неочекувано го напушти клубот и ја прифати понудата од Саудиска Арабија. „Кралевите“ се решени да доведат врвен голгетер летово и на чело на листата со желби се наоѓа токму англискиот репрезентативец, за кого е резервиран и дресот со број девет по заминувањето на Бензема. Сепак, се очекува преговорите да не течат премногу лесно откако Флорентино Перез веќе ставил до знаење дека нема намера да плати 100 милиони фунти, колку што Тотенхем бара за својот најдобар фудбалер.

Во Реал се импресионирани од квалитетите на 29-годишниот Кејн, но сметаат дека тоа е превисока сума за плаќање на трансфер на играч кој следното лето ќе биде достапен без никаква отштета. Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 100 милиони фунти, но Реал игра токму на таа карта – Тотенхем не сака да го продаде Кејн на директен ривал од Премиер-лигата, па „кралевите“ бараат попуст за да го комплетираат транферот на Хари Кејн на „Сантијаго Бернабеу“.

Според шпанските медиуми, максималниот износ што Реал е подготвен да ги издвои за овој фудбалер изнесува 80 милиони евра, па на Даниел Леви е да одлучи – дали да прифати толкава сума или да заработи повеќе од продажбата на својот во Манчестер Јунајтед. Третата опција е најмалку веројатна – Тотенхем да го чува Кејн во тимот и во новата сезона, што би значел и огромен ризик тој следното лето без никаква отштета да си замине од лондонскиот клуб.

Се вчитува...