Реал го враќа Салах во Мадрид

Реал Мадрид дополнително ја засили центарската позиција откако постигна договор за ангажман на Салах Меџри. Иранскиот центар со успех настапуваше за Реал во периодот од 2013 до 2015 година, кога замина во НБА-лигата.

Тренерот Ласо е добро запознаен со неговите квалитети, што беше главна причина изборот во потрагата по нов центар да падне токму врз овој 33-годишен кошаркар. Во ситуација кога стартен центар е Еди Таварес, се очекува Меџри да додаде значителен придонес влегувајќи од клупата за резерви.

Овој кошаркар беше најдобар поединец во својата репрезентација на последното СП во Кина, каде во просек имаше дабл-дабл од 16,2 поени и 10,2 скокови по натпревар.

Се вчитува...