Реал и Барса убедливи

Реал Мадрид ја совлада Севилја со 4-1 на „Сантијаго Бернабеу“, а и Барселона славеше на гостувањето против Лас Палмас со 1-4. Со тоа продолжува трката на гигантите за шампионската титула во Примера, а „кралевите“ се во предност, со оглед дека имаат одиграно еден меч помалку.

Начо изненадувачки го доведе Реал Мадрид во водство со 1-0 во десеттата минута, а Кристијано Роналдо зголеми на 2-0. Стеван Јоветиќ на почетокот на вториот дел постигна погодок за надеж на Севилја, но Роналдо и Крос ги разрешија дилемите и донесоа убедлив триумф.

Барселона славеше исто така убедливо против Лас Палмас. Нејмар во 25.минута го отвори резултатот, а две минути подоцна Луис Суарез зголеми на 0-2. Лас Палмас намали преку Бигас, но потоа на сцена стапи Нејмар и со уште два гола комплетираше хет – трик и ја потврди победата.

Атлетико Мадрид одигра 1-1 на гости против Бетис, а Спортинг Хигон и покрај победата на гости против Еибар се сели во понизок ранг.

Се вчитува...