Реал Мадрид бековското засилување го најде во Баерн Минхен

Реал Мадрид продолжува со составувањето на тимот за следната сезона, а изборот за позицијата лев бек падна на Алфонсо Дејвис, пренесуваат шпанските медиуми. Репрезентативецот на Канда важи за еден од најдобрите на својата позиција и веќе се започнати преговори за трансфер од Баерн Минхен.

Важечкиот договор на 22-годишникот со германскиот тим истакува на крајот на следната сезона, а и покај желбата на баварците, Дејвис засега одбива продолжување на соработката и тука Реал Мадрид ја гледа својата шанса.

Трансфермаркт го проценува Дејвис на 70 милиони евра и очекувањата се доколку се реализира истиот се очекува да биде околку оваа сума. Како потсетување тој пристигна на „Алијанц Арена“ во 2019 година од Ванкувер за 14 милиони евра.

Се вчитува...