Реал Мадрид е прв европски тим со заработка поголема од милијарда евра

Шпанскиот шампион и освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид стана првиот европски клуб кој заработил повеќе од 1 милијарда евра во сезоната 2023/24, според 28. издание на извештајот на фудбалската Лига за пари објавен од ревизорската консултантска куќа Делоит.

Со заработка од 1,045 милијарди евра (претходната сезона заработи 831 милион евра), Реал имаше најголем приход меѓу 20. најдобри европски клубови.

Според ревизорската и консултантска фирма Делоит, 20. најголеми клубови оствариле вкупни приходи од 9,2 милијарди евра во сезоната 2021/22.

Делоит наведува и дека вкупниот приход на 20. најголеми клубови во сезоната 2023/24 е во однос на претходната сезона (10,5 милијарди евра) е зголемен за шест отсто на 11,2 милијарди евра.

Зад Реал Мадрид се Манчестер Сити (838 милиони евра), ПСЖ (806 милиони), Манчестер Јунајтед (771) и Баерн Минхен (765).

Се вчитува...