Реал Мадрид ги моли навивачите дома да ја прослават титулата ако станат шампиони

Реал Мадрид е на прагот на 34. титула во Ла лига, а ако успеат да ја задржат предноста од клубот бараат навивачите да не излезат на улица, туку титулата да ја прославата во домашна атмосфера. Од клубот бараат од навивачите во случај на освојување на трофејот да не се собираат на јавни површини, бидејќи тоа би можело да биде чекор назад во борбата против пандемијата од коронавирусот.

„Победите и трофеите секогаш со задоволство ги делиме со навивачите, но во овој момент мораме да бидеме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Поради тоа сите мораме да дадеме допринос и да покажеме одговорност како би избегнале било каков ризик“, стои во соопштението на Реал Мадрид. 

Реал Мадрид во четврток против Вилјареал може да ја потврди 34. титула во Ла лига.

Се вчитува...