Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња постигна договор за соработка со Кливленд Кавалирс, но трансферот се уште не е официјализиран. Според информациите од европските медиуми, Реал Мадрид засега не сака да дозволи негово заминување.
Според добро упатениот новинар Марк Стајн, Хезоња и Кливленд постигнале договор на 26 јули за едногодишен ангажман според минималните услови за ветерани, кратко откако Леброн Џејмс одлучи да премине во Филаделфија 76.
Сепак, проблемот лежи во клаузулата за заминување во НБА, која е дел од договорот на Хезоња со Реал. Рокот за нејзино активирање истекол на 20 јули, шест дена пред 31-годишниот кошаркар да најде нов клуб.
Шпанска „Марка“ претходно објави дека Хезоња го известил Реал за својата намера да ја искористи клаузулата во предвидениот рок. Сепак, во тој момент тој немал конкретна понуда од НБА, ниту пак го платил износот потребен за раскинување на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
