Понуда од 115 милиони евра, може да ги поремети плановите за иднината на Арда Гулер. И покрај тоа што турскиот „вундеркинд“ напоменува дека нема намера да го напушти Реал Мадрид, сепак, најновите информации говорат нешто друго.
Челси кој идната сезона ќе биде предводен од Чаби Алонсо, има намера да го купи Турчинот, кој имаше импресивна сезона во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Станува збор за еден од најголемите таленти во Светот, и лондонскиот тим нема да штеди пари да го доведе во своите редови.
Сепак, и Реал Мадрид сериозно смета на него, па ќе биде интересно да се види дали ќе одолее на оваа понуда од лондонските „сини“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
