Реал Мадрид го потврди заминувањето и на Мариано Диаз

Мариано Диаз е вториот фудбалер кој денеска го напушта тимот на Реал Мадрид. „Кралевите“ објавија дека Марко Асенсио заминува од „Сантијаго Бернабе“, а после неколку часа објавија дека и Мариано Дијаз ќе го одигра последниот натпревар аз тимот на Реал.

Диаз беше дел од академијата на „кралевите“ од 2011 до 2016 година, а потоа шест сезони во првиот тим на „кралевите“ со кои освои два трофеи во ЛШ, три Светски клупски првенства, три пехари во Ла Лига, еден Куп на Шпанија и два Суперкупа.

„Реал Мадрид нему и на неговото семејство му посакува среќа во новата средина“, стои во соопштението на Реал Мадрид за 29-годишниот фудбалер.

Се вчитува...