Реал Мадрид го претстави првото летно засилување

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид го потврди првото засилување за новата сезона во која за мисија ќе има враќање на титулите во домашниот шампионат и Лигата на шампионите.

По заминувањето на голем број од ѕвездите кои беа дел од шампионските сезони, Флорентино Перез го објави младиот Фран Гарсија како прво засилување.

Гарсија кој потекнува од Реал Мадрид, беше дел од Рајо Валјекано во кој игра и нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Фран Гарсија пристигна на само 14 години во Мадрид Помина две сезони со Реал Кастилја и дебитираше за првиот тим на Реал Мадрид во 2018 година. По три сезони како соиграч на Столе Димитриевски во Рајо, Фран Гарсија пак се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...