Реал Мадрид ќе го менува Модриќ со англискиот вундеркинд?

Реал Мадрид се подготвува за ера без триото Модриќ-Крос-Касемиро. Бразилецот веќе ова лето замина во Манчестер Јунајтед, а очекувањата се дека следното лето „кралевите“ ќе останат и без хрватскиот генијалец.

Триесетишестгодишникот во јуни доби продолжување на договорот, но истиот е со важност до крајот на оваа сезона по што тој ќе биде заменет со англискиот вундеркинд Џуд Белингем, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал Мадрид веќе започнал преговори со Борусија Дортмунд за ангажман на 19-годишникот за кој постои интерес и од Ливерпул. Германскиот состав се соочил со фактот дека нема да може да го задржи младиот фудбалер па му дозволил и сам да ја бира својата следна дестинација.

Се вчитува...