Реал Мадрид летово само ќе продава фудбалери

Поради значајниот губиток на приходи предизвикан од пандемијата од коронавирусот Реал Мадрид летово нема намера да доведе засилувања, туку само ќе се реши од неколку фудбалери на кои веќе не смета Зинедин Зидан, пренесува шпанска Марка.

Во Реал се надеваат дека со продажбата на неколку фудбалери ќе може да заработат околу 200 милиони евра, додавајќи на веќе сигурните 45 милиони кои клубот ги доби за трансферот на Ашраф Хакими во Интер.

На излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“ се и Хамес Родригез и Герет Бејл, а раководството на клубот е подготвено да разгледа и понуди за Марсело и Лукас Васкез. Договорот на Хамес Родригез истекува следната година, а на Герет Бејл за две. Двајцата фудбалери годинава имаа скромна минутажа во клубот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал за Бејл бара скромни 25 милиони евра, а интерес за неговите услуги покажуваат Манчестер Јунајтед, Арсенал и Евертон.

Се вчитува...