Реал Мадрид му нуди нов договор на Куртоа

Во Реал Мадрид се убедени дека долгорочно го решиле прашањето за голманската позиција. Според информациите на шпанскиот весник „АС“, клубот и Тибо Куртоа се блиску до договор за продолжување на соработката.

Според овие информации, белгискиот репрезентативец би требало да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 30 јуни 2028 година. Овој пат, Реал Мадрид не сака да чека до крајот на сезоната за да ја процени ситуацијата, како што беше случај со некои постари играчи во изминатите години. Во Мадрид сметаат дека Куртоа докажал оти се уште може да биде прв избор на голот, поради што се подготвени да му понудат нов договор.

Посебната доверба во Белгиецот дополнително се зацврсти благодарение на неговите постојано одлични настапи. Куртоа и натаму е стандарден на голот, а против Интер блесна со дури седум одбрани, уште еднаш потврдувајќи зошто во Мадрид го сметаат за еден од најдобрите голмани во светот.

Се вчитува...