Ситуацијата во фудбалскиот клуб Реал Мадрид воопшто не е идеална. Претседателот на клубот, Флорентино Перез води војна во УЕФА за остварување на сонот наречен Суперлига, а играчите се повеќе ги насочуваат погледите надвор од „Сантијаго Бернабеу“.
Серхио Рамос е пред заминување од тимот, а неговите стапки се очекува да ги следи и Рафаел Варан, пренесуваат шпанските медиуми. Французинот сака да го искористи заминувањето на капитенот и со нов договор да постане најплатениот фудбалер во тимот, спротивно од желбите на Реал Мадрид кој гледа кон скратување на платите на играчите со цел да се санира финансиската ситуација во клубот.
Договорот на Варан со Реал Мадрид истекува во 2022 година па јасно е дека доколку не се најде компромис 27-годишникот ќе го напушти Мадрид ова лето. За неговите услуги се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челси и ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА