Како да не им е доста од ангажманот на Џуд Белингем, а и играчите кои ги имаат во средниот ред во својата екипа како Модриќ, Крос, Чуамени, Камавинга и Валверде, па Реал Мадрид сега ќе тргне по италијанскиот репрезентативец Николо Барела.
Барела и натаму е желба на „кралевите“, а Интер не се откажува од намерата да го продаде само по цена од 80 милиони евра. И за Барела се пишува дека ќе биде наследникот на Модриќ, кога хрватскиот фудбалер ќе се реши за пензија.
Барела има договор со Интер до летото 2026 година. Моменталната вредност му е 75 милиони евра. Меѓутоа „кралевите“ сега се фокусирани кон ангажман на Килијан Мбапе, а потоа ако има можност ќе тргнат и по услугите на италијанскиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА