Според информациите од шпанските медиуми, Флорентино Перез победи на денешните избори за претседател на Реал Мадрид, па и натаму останува прв човек на „кралскиот клуб“ добивајќи уште еден мандат.
Иако различни медиуми пренесуваат различни бројки околу бројот на освоените гласови, сепак е јасно дека Перез успеа да го победи противкандидатот Рикелме.
Генералната бројка е дека Перез победил со 65,55% освоени гласови, а Рикелме добил 34,45% од гласовите.
Како и да е, најважно во сè е кој ја однел победата, а тоа е Перез, кој со тоа останува претседател на Реал Мадрид.
Перез, веќе се договорил со Жоз Мурињо како нов тренер на Реал Мадрид, но официјалната презентација се чекаше поради изборите.
Покрај тоа, Конате и Дамфрис се двајца играчи кои се согласиле да соработуваат со Реал Мадрид и ќе потпишат за овој клуб ова лето.
Перез го најави и доаѓањето на Галактико, за кого е подготвен да плати дури 150 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
