Реал Мадрид по историја, Ливерпул по одмазда!

Вечерва во Париз се игра финалето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Вечерашниот меч требаше да се игра во Санкт Петербург, но поради нападот на Русија врз Украина е поместено во Париз.

Ливерпул ќе има можност да се одмазди на Реал Мадрид за финалето пред четири години во Киев, кога загуби со 3-1, а Лорис Кариус имаше лоша вечер со два „кикса“ практично му ја „подари“ титулата на шпанскиот тим.

„Кралевите“ на пат до финалето ги исфрлика гигантите ПСЖ, Челси и Манчестер Сити, што зборува за менталната сила на оваа екипа. Често избраниците на Карло Анчелоти се враќаа од мртвите и минуваа понатаму.

„За мене овие натпревари се нормални. Знаеме што овој клуб претставува и што историјата од нас бара. Многу е важно што сме тука и подготвени сме да испишеме историја после одличната сезона“, рече Анчелоти.

Ливерпул, пак, од друга страна покажа супериорност против сите свои ривали, и без проблеми ги исфрли Интер, Бенфика и Вилјареал. За разлика од Реал, ждрепката за „црвените“ беше далеку подобра.

Тренерот Јирген Клоп ќе се обиде во своето четврто финале во ЛШ да дојде до вториот трофеј.

„Не знам како би се чувствувал кога би го освоиле пехарот. Прашајте ме после натпреварот. Сакаме да пружиме вистинска борба, некои од нив може да земат петти трофеј, нивиот тренер може да го освои четвртиот. Тоа искуство не може да се купи преку ноќ“, рече Клоп.

Триуфмира ли Реал ќе дојде до историската 14-та титула во Лигата на шампионите, и дополнително ќе се одлепи на првото место по бројот на освоени трофеи во ова натпреварување.

Се вчитува...