Реал Мадрид по три години си го врати Брахим Диаз

Реал Мадрид го реализираше најавеното засилување за средниот ред, враќајќи го Брахим Диаз на „Сантијаго Бернабеу“.

По три сезони на позајмица во Милан, Диаз се враќа во Реал каде треба да биде замена за Марко Асенсио, кој, пак, се пресели во ПСЖ. Диаз е член на Реал од 2019 година и веќе има по еден трофеј во Ла Лига и Супер купот.

Од „кралскиот клуб“ информираат дека Диаз ќе биде промовиран како засилување во вторник на 13. јуни.

Се вчитува...