Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварез. „Кралскиот клуб“ изјави дека по состанокот на раководството испратил понуда од 150 милиони до Атлетико Мадрид за Алварез, но дека таа била одбиена.
Флорентино Перез победи на неодамнешните избори и остана на чело на Реал Мадрид, а сега го оствари своето предизборно ветување. Тој претходно нагласи дека, доколку остане претседател, Реал ќе испрати понуда вредна точно 150 милиони во вторник за еден од најдобрите фудбалери во светот.
Атлетико ја одби понудата со зборови „не насмеавте повеќе од Барса“, а Реал може да го земе само ако ја плати откупната клаузула на Алварез вредна половина милијарда евра.
Алварез има 26 години, а пристигна во таборот на „јорганџиите“ во летото 2024 година како дел од трансфер вреден 75 милиони од Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
