Реал Мадрид потврди: Асенсио заминува

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Асенсио и официјално го напушта кралскиот клуб. Ова го потврди и самиот клуб кој напиша дека шпанскиот фудбалер ќе си замине по завршувањето на сезоната.

Асенсио е дел од Реал Мадрид осум години. Со клубот освои дури 17 трофеи, од кои три пехари во Лигата на шампионите, 4 во светското клупско првенство, 3 Супер-Купа на Европа, три пехари во Ла Лига, 1 Копа дел Реј и 3 шпански Супер-Куп пехари.

Веројатно негова следна дестинација ќе биде ПСЖ. Иако за него имало интерес од Премиерлигата, Шпанецот на крајот се одлучил да се пресели во Париз и тоа за плата од 8 милиони евра годишно.

Се вчитува...