Реал Мадрид продолжува со перфектниот старт на новата сезона во Ла Лига. „Кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“ славеа убедливо со 4:0 против Малага во третото коло и стигнаа до третата победа во шампионатот.
Избраниците на Жозе Мурињо практично го решија прашањето околу победникот уште во првото полувреме.
Резултатот го отвори Џуд Белингем во 19. минута, кога англискиот репрезентативец ја затресе мрежата за предност на домаќините.
Само седум минути подоцна Реал стигна до втор гол, откако Антонио Хереро си постигна автогол. Во 30. минута следуваше и третиот погодок – Килијан Мбапе ја продолжи својата одлична голгетерска форма и донесе 3:0.
Арда Гулер во 91. минута ги постави конечните 4:0.
За Мбапе ова е уште еден важен погодок на стартот од сезоната. Французинот претходно постигна хет-трик против Реал Сосиедад, а сега повторно се запиша во листата на стрелци.
Реал Мадрид со оваа победа стигна до девет бода од првите три натпревари, додека Малага останува со само еден освоен бод по враќањето во елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
