Реал Мадрид се огласи во врска со Енцо Фернандез

После демантот со Мајкл Олисе, Реал Мадрид ги демантираше шпекулациите дека преговара и со играчот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез.

Фудбалерот на Аргентина веќе некое време се поврзува со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но од клубот ги демантираа најавите дека преговараат или дека ќе испратат понуда за негов ангажман. Сличен ваков демант беше испратен и во врска со Мајкл Олисе од Баерн, но тој и понатаму се поврзува со трансфер во Реал, со оглед дека Баерн Минхен веќе ангажираше играч на негова позиција.

„Во светлината на извештаите и изјавите што се појавија во последните денови во одредени медиуми и на социјалните мрежи, во врска со наводниот интерес на Реал Мадрид за Енцо Фернандез, клубот сака да објави дека не презел никаков чекор, ниту директен ниту индиректен, за да го потпише аргентинскиот играч и, исто така, нема намера да преземе таква операција“, се вели во соопштението на шпанскиот клуб.

Се вчитува...