Реал Мадрид во новата сезона во Лигата на шампионите влегува со најскап тим

Шпанскиот гигант Реал Мадрид и во новата сезона од Лигата на шампионите ја потврдува својата финансиска и спортска моќ, „Кралевите“ го имаат највредниот тим во елитното натпреварување.

На најновата листа на највредни екипи во Лигата на шампионите која стартува утре, играчкиот кадар на Реал Мадрид е проценет на 1.69 милијарда долари. На второто место се наоѓа Манчестер сити кој вреди 1.66 милијарда долари, а трет највреден тим е тој на актуелниот европски шампион ПСЖ чиј играчки кадар вреди 1.58 милијарда долари.

Границата од милијарда долари ја надминуваат вкупно седум клубови, а покрај водечкото трио се уште и Арсенал (1.54 милијарда долари), Барселона (1.46 милијарда долари), Баерн Минхен (1.21 милијарда долари) и Ливерпул (1.19 милијарда долари).

Се вчитува...