Реал победи со Алавес и имаше нов пенал

Реал Мадрид оствари уште еден триумф во Ла Лига и направи голем чекор напред кон освојување на титулата. Тимот на Зинедин Зидан го совлада Алавес со 2-0 и повторно има четири бода предност во однос на Барселона на врвот на табелата во шпанскиот шампионат. До крајот остануваат уште три кола.

Водството на Реал Мадрид повторно дојде од белата точка. Карим Бензема беше изведувач на најстрогата казна во 11.минута, со оглед дека капитенот Серхио Рамос не беше во составот поради суспензија. Претходно, Менди беше фаулиран на работ од шеснаесетникот што повторно предизвика полемика.

Во 50.минута, „кралскиот клуб“ дојде до втор гол. По прегледување на ВАР-снимката, погодокот беше признат, иако во прв момент беше досудена офсајд ситуација. Сепак, Карим Бензема не беше во офсајд, а асистираше до Марко Асенсио за водство од 2-0 кое Реал Мадрид го задржа до крајот на натпреварот.

Се вчитува...