Реал потврди: Валверде повреден на дербито со Атлетико

Федерико Валверде има незгодна повреда на скочниот зглоб по грубиот старт на Ли на градското дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид што го одбележаа неколку брутални дуели.

Шпанската фудбалска федерација призна дека судиите направиле грешка што не го исклучиле фудбалерот на Атлетико за овој старт, а Реал денеска се јави со соопштение – Валверде има истегнување на лигаментите во скочниот зглоб. Станува збор за истегнување од трет степен и првичните прогнози се дека паузата ќе изнесува најмалку три седмици, што значи дека Валверде нема да патува за настап за уругвајската репрезентација.

Во зависност од текот на рехабилитацијата, дополнително ќе биде утврдено дали големиот борец ќе може да се врати навреме за првите предизвици по репрезентативната пауза, домашниот меч со Виљареал на 10 октомври и гостувањето против Рома во ЛШ закажано за 14 октомври.

Се вчитува...