Реал заврши работа за едно полувреме

Реал Мадрид очекувано ја победи Гранада на гости со 0-4 и ги освои планираните три бода, израмнувајќи се повторно на врвот со Барселона. Но, „кралевите“ имаат одиграно и еден меч помалку, што им е голем адут за освојување на титулата.

Избраниците на Зидан завршија работа за едно полувреме на овој меч. Хамес Родригез во третата минута го отвори резултатот, а веќе во 11.минута и зголеми на 0-2. Потоа Алваро Мората стрелаше двапати, во 30. и во 35.минута, за убедливи 0-4 за „кралскиот клуб“.

Во вториот дел, Реал Мадрид рутински ја одработи задачата и го приведе мечот до крајот.

All Goals & highlights HD – Granada 0-4 Real… by footyscore

Се вчитува...