Ребиќ: Сакав да го убијам Тијаго кога слушнав што зборува…

Хрватот Анте Ребиќ игра во животна форма за својот Милан, запишувајќи го својот 11. гол во саботната победа против Болоња.

Осврнувајќи се на случувањата во Серија А изминатава сезона, Ребиќ вели дека не може да поднесе фудбалери како Гонзало Игуаин, притоа откривајќи и детал од времето кога играше за Ајнтрахт Франкфурт.

Станува збор за ситуација во пресрет на финалето од германскиот куп против Баерн летото 2018…

„Мојот Ајнтрахт играше против Баерн во Берлин во финалето на германскиот куп. Во пресрет на мечот, двата тима тренираа на теренот на кој се играше натпреварот. Прво ние, а потоа и Баерн. Се запознаваме потоа со фудбалерите на Баерн и го слушам Тијаго Алкантара како му зборува на мојот соиграч Кевин-Принс Боатенг: ‘Теренот е совршен, па утре нема да ја допрете топката’. Си помислив во себе тогаш, ‘можеби нема да победиме утре, но сигурно ќе ве убијам’. Победивме со 3-1, а јас постигнав два гола“ – се потсетува Ребиќ.

Се вчитува...