Шалке на домашен терен доживеа катастрофа од Лајпциг во првиот домашен натпревар оваа година. Последнопласираниот тим на табелата беше поразен со 1-6, иако победата на гостите можеше да биде изразена и со поголема разлика, откако промашија многу шанси, особено во првиот дел, иако во првите 45. минути имаа водство од неверојатни 0-4.
Андре Силва во 7. минута го „отвори“ Шалке, а потоа во 15. минута Хенрикс погоди. Немаше возбудувања се до финишот на првиот дел, кога во 44. минута Силва донесе 0-3, а потоа Вернер во судиското надополнување зголеми на 0-4. Во самиот финиш прилика за Вернер и за 0-5, но топката оди само над голот, додека претходно и Дани Олмо имаше прилика.
Во вториот дел Козуки успеа да намали на 1-4. И кога се чинеше дека Шалке е блиску до втор гол и до намалување на поразот, во 83. минута Олмо со прекрасен гол за „петарда“ во мрежата на Шволов, а потоа Полсен одлично погоди за конечни 1-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА