Немаше изненадувања во осмото коло во шесте регионални фудбалски лиги на Македонија.
Фаворитите победуваат, Илинден и ГФК Победа не знаат за пораз. Љуботен тоне на табелата, a Караормaн се врати на врвот во петиот регион.
Регион 1: Кул Здравје – Илинден 0:5, Марино-Перпарими 2:1, Студеничани – Коњаре 2:3, Беса – Њу Старс 2:0, Аеродром-Башкими 1:0, Ржаничино – Фортуна 4:2.
- На табелата води Илинден со 34 бода пред БВК Коњаре со 19 бода.
Регион 2: Пчиња – Победа/Тромеѓе/ 8:1, Козјак-Куманово 1:3, Речица-Влазними 1:0, Јуниор – Академија Осогово 2:0, Ликова-Беса-неодиграни.
- На табелата води Куманово со 21 бод, пред Пчиња со 19 бода
Регион 3: Брегалница – О. Поле 1:4. Огражден-Бучим 1:0, Дојранско Езеро – Слога 2:2, Хоризонт – Карбинци 4:1, Победа-Малеш неодиграно.
- На табелата водат Победа и Огражден со 16 бода, но Победа има две средби неодиграни.
Регион 4 : Превалец-Башкими 1:1, Вардар-Питу Гули 3:4, Росоман-Млекар 3:1, ГФК Победа – Ултрас 5:1, Бучим-Борец 2:2, Големо Коњаре – Победа /Пепелиште/ 6:2, Влазними-Венец неодиграно.
- На табелата води ГФК Победа со 22 бода пред Големо Коњаре со 15 бода.
Регион 5: Влазними – Крошу спорт 3:2, Могила – Чардак 3:1, Напредок/Н/-Демир Хисар 1:5, Света Тројца-Влазерими 1:8, Баир-Преса 3:2, Караорман-Напредок /К/ 3:2.
- На табелата води Караорман со 18 бода, пред Влазерими со 17 бода.
Регион 6: Љуботен – Скендербеј 1:2, Гостивар – Лирија 2:2, Вардар – Дрита 1:2,Радец – Речица 1:5, Кораб-Дебреште 1:3, Џепчиште-Јехпона неодиграно.
- На табелата водат Дрита и Дебреште со 22 бода.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
