Томовски во врвна форма на репрезентативниот собир: „Против Луксембург и Грција да го потврдиме нашиот квалитет!“

Мартин Томовски пристигнa репрезентативниот собир во врвна форма и статус на еден од тројцата најдобри голмани во Бундеслигата. По 11 кола во најсилната ракометна лига во светот, македонскиот голман бележи просек од десет одбрани по натпревар.

Во отсуство на Никола Митревски за претстојните два дуела во квалификациите за ЕП 2028, Томовски ќе го има приматот меѓу стативите и ќе биде главниот адут на Македонија, но и поддршка за помладите Галевски и Гогов.

Првиот предизвик е Луксембург, против кого Македонија ќе ја бара првата победа во квалификациите за Европското првенство. Следува и дуелот со Грција, а двата натпревари ќе бидат важна подготовка за Светското првенство во Германија.

„Среќен сум поради моменталната форма. Работам напорно и се надевам дека ќе ја пренесам и во репрезентацијата. Тоа е најважно – да победуваме, да се надградуваме и да одиме напред. Натпреварите со Луксембург и Грција секако дека ќе ни послужат како подготовка за настапот на Светското првенство. Но, во моментов не сакаме да гледаме премногу напред. На овој собир треба максимално да се вложиме, а имаме и нов играч. Димитро Горига треба да се вклопи во составот и не би требало да имаме проблем“, порача Томовски.

Одличната форма во Бундеслигата сега треба да добие потврда и во националниот дрес.

Се вчитува...