Гогов: Вардар е семејство, „Јане Сандански“ е наша несовладлива тврдина!

Вардар целосно го демолира Пелистер во првата овосезонска дерби-пресметка во маакедонската Суперлига, за вистинска еуфорија меѓу навивачите но и вардаровиот табор од каде не кријат дека и тоа како го посакувале овој триумф.

Еден од најдобрите во црвено-црните редови повторно капитенот Васил Гогов со одбрани во вистински момент, одбранет пенал и постигнат гол кога најмногу беше неопходно.

„Секако пресреќен сум за оваа и тоа како важна победа. Само едно ќе кажам, ние во Вардар сме едно семејство, а „Јане Сандански“ е нашиот дом. Знаевме дека ќе биде тежок меч, но знаеме и дека кога играме дома пред оваа публика секогаш сме фаворити. Иако, не очекувавме толку висока разлика. Чупиќ од нас побара карактер, борбеност и енергија. Се надевам дека го исполнивме тоа“, изјави Гогов по натпреварот.

Се вчитува...