Физичка пресметка по мечот Шкендија Арачиново – Тиквеш, четири приведени кај еден пронајдени и наркотични средства

Министерството за внатрешни работи официјално информираше дека е случен инцидент по натпреварот Шкендија Арачиново и Тиквеш на Чаир во вчерашното 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

МВР информира дека имало физичка пресметка меѓу две групи по натпреварот, при што приведени се четири лица на кои им е дадена прекршочна пријава, е еден е уапсен и задржан поради пронаоѓање наркотични средства.

„Денеска (01.11.2026) полициски службеници од СВР Скопје по завршување на спортскиот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш кој се одржа на стадионот на Шкупи во Чаир од слобода ги лишија М.А.(33), Ф.Р.(21), М.Џ.(31) и Д.Ј.(36) сите од Скопје, поради повикување и учество во тепачка согласно член 3 од ЗСННОСН. Лицата се приведени во Полициска станица и им се сочинети записници за констатиран прекршок. При приведувањето кај М.А. е пронајдена марихуана и истиот е лишен од слобода по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави“ – се вели во официјалното соопштение од МВР.

Се вчитува...