Реина херој на „милионерите“ против Мајнц (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше со 1-2 на гостувањето кај Мајнц во натпревар од 17. коло во германската Бундеслига. Натпреварот стартуваше неверојатно. Домаќините поведоа со 1-0 уште во 2. минута со погодокот на корејскиот интернационалец Ли Јае Санг. Само две минути подоцна гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Жулијан Риерсон.

Сепак, тоа беше се што видовме од напаѓачите се до 90. минута кога Џовани Реина стрелаше за победа од 1-2.

 

Mainz 1 – [2] Dortmund – Giovanni Reyna – 90+3” from soccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...