Рејна со супер-гол донесе победа за Борусија во „голеадата“ против Аугсбург и дебито на Халер (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд дојде до тешка победа од 4-3 против Аугсбург во 16. коло од Бундеслгата.

Американскиот репрезентативец Џовани Рејна ја донесе победата за „милионерите“ со голот во 78. минута за 4-3.

Претходно, Борусија Дортмунд постојано доаѓаше до предност и од 1-0, 2-1, 3-2…, но гостите успеваа постојано да израмнат носејќи го натпреварот до неизвесна завршница.

За „милионерите“ конечно дебитираше и Себастијан Халер кој во игра влезе во второто полувреме, а сето тоа наиде на воодушевување кај навивачите на Борусија Дортмунд.

 


Се вчитува...