Рекордери: Ливерпул до деветтиот трофеј во Лига купот (ФОТО)

Ливерпул го престигна Манчестер Сити на вечната листа на освојувачи на англискиот Лига куп откако во финалето на овогодишното издание славеше над Челси по изведување на пенали. Откако играчите беа прецизини, пенал-рулетот беше одлучен во 11. серија, а таму Кепа Аризабалага не успеа да го совлада Кехелер.

За „црвените“ ова е прв трофеј во натпреварувањето по сезоната 2011/12. Првиот трофеј Ливерпул го освои во далечната 1981, а потоа во истото успеа во 1982, 1983, 1984, 1995, 2001 и 2003 година.

Се вчитува...