Рекордна ноќ на Јанг, Филаделфија по продолженија подобра од Бруклин (ВИДЕО)

По „Ол-стар“ паузата најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА се врати со шест натпревари. Вечерта ја одбележа младата „ѕвезда“ на Атланта, Тре Јанг кој го водеше својот тим во победа над Мајами Хит со 129-124. Јанг натпреварот го заврши со 50 поени што е најдобар учинок за него во досегашната кариера.

Во најинтересниот дуел од програмата, Филаделфија по продолженија го совлада Бруклин со 112-104. Интересно е тоа што резултатот во дополнителните пет минути беше 9-1 за домаќините. Кошаркар на натпреварот беше Џоел Ембид кој мечот го заврши со 39 поени и 16 скока, додека кај поразените Калвис Леверт го заврши натпреварот со 25 поени.

Тимот со најдобар скор во лигата, Милвоки Бакс без поголеми проблеми се триумфираше на гостувањето кај Детроит со 106-126. Јанис Адетокумбо повторно беше најдобар со со 33 поени и 16 скока, додека Крис Мидлтон мечот го заврши со 28 поени.

Во останатите мечеви Голден Стејт – Хјустон 105-135, Чикаго – Шарлот 93-103 и Сакраменто – Мемфис 129-125.

Се вчитува...