Релиќ е на еден чекор до бронзен медал

Македонската таеквондистка Мила Релиќ се наоѓа на еден чекор до освојување на медал на Европските игри во Краков, откако преку репасаж се вмеша во борба за бронзата во категоријата до 62 килограми.

Таа загуби во четвртфиналната пресметка со Стобова од Чешка, но Релиќ потоа блесна во репасажот, откако со 2-1 во рунди славеше над Кристина Гаспа од Италија. Македонката ја доби првата рунда, Гаспа беше подобра во втората, но затоа решавачката рунда мина целосно во знакот на Релиќ, која со убедливи 11-3 си го визираше пласманот „малото финале“.

Противничка на Релиќ во борбата за бронзата ќе биде Џејдин Пауел од Велика Британија, а борбата е закажана за 19.20 часот.

Се вчитува...