Реми без голови на Скопје и Шкупи за старт на 26. рунда во ПМФЛ

Лидерот Шкупи одигра реми без голови 0-0 на гостувањето кај Скопје во премиерниот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига кој денеска се играше на стадионот „Железарница“ во Автокоманда.

Еден  тврд натпревар без многу шанси во кој од почетокот личеше како и двата тима да се задоволни со по еден бод, на крајот и така заврши, иако во второто полувреме домаќините имаа една до две убави шанси за затресување на мрежата на капитенот на гостите Кристијан Наумовски.

Шкупи со овој бод стигна до 62 и во моментов има 14 повеќе од второ и третопласираните Шкендија и Академија Пандев кои од 15 часот ќе ги одиграат своите натпревари од 26. рунда. Скопје останува деветти и скоро и сигурно има обезбедено бараж за опстанок, а до крајот ќе се обиде да го нападне Работнички кој има пет бода повеќе во моментов на осмата позиција.

ДВОЈКИ 26. КОЛО

Денеска 13:00 ч.:

Скопје: Скопје – Шкупи  0-0

Денеска 15:00 ч.

Велес: Борец – Ак. Пандев

Прилеп: Брегалница – Работнички

Битола: Пелистер – Шкендија

Тетово: Ренова – Македонија ЃП

Кавадарци: Тиквеш – Струга Т.Л.

Се вчитува...