Реми на Наполи во Болоња, 70 минути за Елмас… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 70 минути во ремито (1-1) на Наполи на гостувањето против Болоња во 33. коло од Серија А.

Наполи поведе со голот на Манолас уште во 7. минута, а Бероу во 80. минута ги постави конечните 1-1. Елмас настапи до 70. минута кога беше заменет од Руиз.

Милан славеше со 3-1 против Парма со головите на Кеси, Ромањоли и Чалханоглу, додека Сампдорија убедливо со 3-0 славеше против Каљари.

Се вчитува...