Реми на Пандев и Џенова во дербито со Сампдорија, Милан со пенал во 96. минута се спаси од пораз од Удинезе (ВИДЕО)

Горан Пандев и Џенова одиграа без победник 1-1 во градското дерби против Сампдорија. Домаќините поведоа со голот на Запакоста во 52. минута, додека конечните 1-1 ги постави Тонели во 77. минута. Горан Пандев во игра влезе во 73. минута.

Илија Несторовски и Удинезе можат да жалат откако одиграа само нерешено на гостувањето кај Милан (1-1). Гостите имаа водство од 0-1 се до последната минута, кога Милан успеа од пенал да израмни преку Кеси.  При резултат 0-0 убава шанса имаше и Несторовски чив удар со глава на гол линија го спречи Ромањоли.

РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 25. КОЛО:

Милан – Удинезе 1-1

Аталанта – Кротоне 5-1

Беневенто – Верона 0-3

Калјари – Болоња 1-0

Фиорентина – Рома 1-2

Џенова – Сампдорија 1-1

 

Се вчитува...