Реми на Ренова и Струга ТЛ во Охрид… (ФОТО)

Ренова и Струга Трим Лум ремизираа (1-1) на првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

„Гипсарите“ во првиот пријателски натпревар за време на подготовките покрај Охридското езеро, на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ поведоа со голот на Аљуш Гавазај уште во 16. минута од средбата.

Стружани израмнија со погодокот на Нијас Лена во 87. минута од средбата.

Се вчитува...