Фудбалерите на Скопје и Тиквеш одиграа без победник 1-1 на мечот кој се играше на тренинг комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“ како дел од премиерата од 4. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Водство за тимот од Автокоманда од 1-0 донесе Антонио Божиновски во 35. минута. Проблемите можеа да бидат поголеми за кавадарчани во првото полувреме, откако само минута подоцна Ибрахима Фал доби втор жолт картон, но по проверка на ВАР главниот судија Фуркан Идризи го поништи жолтиот картон па тој остана во игра.
Тиквеш заигра подобро во вториот дел па успеа да изедначи на 1-1 откако ударот од белата точка во 70. минута го реализираше Сила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
