Ремонт во репрезентацијата: Романците со изменет состав доаѓаат во Скопје

Романскиот селектор Мирел Радои приреди неколку изненадувања во составот на националниот тим за септемвриските квалификации, во кои Романија на 8 септември ќе гостува во Скопје, на дуел со македонската национална селекција.

Радои се реши да повика дури шестмина дебитанти, и тоа голманот Ајоани, дефанзивците Гита и Ратиу, фудбалерите за врска Марин и Кордеа, како и напаѓачот Јован Марковичи.

Во однос на претходниот квалификациски собир, на списокот на селекторот не се најдоа интернационалците Јонут Раду, Кристи Ганеа, Василе Могос, Александру Максим, Александро Митрица, Флорин Андоне, Клаудио Кешеру и Георге Пушкаш.

Романците на 2 септември ќе му гостуваат на составот на Исланд, три дена подоцна ќе го пречекаат Лихтенштајн, по што на 8 септември ќе следи и гостувањето против Македонија.

Се вчитува...