По Силекс, кој ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите откако Вардар не доби лиценца за настап во европските купови, Ренова е вториот тим кој стартуваше со летни подготовки. Под раководство на Бујар Ислами, „гипсарите“ почнаа со работа и првиот дел ќе го минат во Тетово.
Ренова задржа најголем дел од играчкиот кадар од минатата сезона, клубот го напушти Бојан Миовски кој направи трансфер во унгарскиот МТК, а во навалната линија на тетовскиот тим е регрутиран повратникот Емран Рамадани. Во наредните неколку дена најверојатно ќе има уште некое ново име во ростерот на Ренова за да се заокружи составот со кој ќе настапува на европска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА