Ренова го официјализираше и Мурати

Екс младинскиот репрезентативец Мевљан Мурати е промовиран во Ренова. Само еден час откако тимот објави за Амир Кахримановиќ.

Со Мурати Ренова добива квалитетен бек со кој ќе се бори за Европа низ пролетниот дел. Мурати долго време беше дел од Шкендија, а сега како позајмен ќе игра во таборот на “гипсарите”.

Во следните денови треба да се случи и промоција на интернационалецот од Азербејџан, Мамаѕаде.

Се вчитува...